Published July 19, 2024 | Version v1
Presentation Open

NATI00NS - Европска мисија за спроведување на договорот за унапредување на здравјето на почвата и можности за финансирање - NEE North Macedonia 2024

Description

Европската Унија во 2021 год. ја започна амбициозната мисија „Договор за почвата за Европа“  која има за цел до 2030 год. да создаде 100 регионални т.н. Живи лаборатории и светилници (Living labs and Lighthouses), кои ќе служат како центри за ширење на знаење и иновации, заеднички креирајќи и тестирајќи практики и решенија за подобрување на здравјето на почвата.

Проектот NATI00NS има за цел да помогне во спроведувањето на гореспоменатата мисија, пренесувајќи клучни пораки за подигнување на свеста, како и да ги подготви регионалните и националните чинители од Европа да аплицираат и ги имплементираат своите идеи за подобрување на здравјето на почвата. Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење ЈЕС ФОР ЛЕС стапи во партнерство со Земјоделскиот Институт - Скопје која е водечка истражувачка институција со богато знаење и експертиза на тема почви и одржливи земјоделски практики, за да направи заеднички напори да ја информира и едуцира јавноста за овие теми.

За кого е наменет настанот?

Истражувачи и експерти, земјоделци, претставници од граѓански здруженија и бизнис секторот, како и поединци кои имаат зелени бизнис идеи, локални заедници, студенти, владини претставници и сите оние поединци кои сакаат да се едуцираат на тема почва и да се информираат за мисијата „Договор за почвата за Европа“ и проектот NATI00NS, како и можностите за финансирање.

Содржина на настанот

Настанот има едукативен и информативен карактер, а исто така нуди и можност за поврзување меѓу претставници од различни засегнати страни. После поздравните говори со кои ќе се даде краток осврт на состојбата на почвите во Македонија, гостите-експерти од Институтот BioSense (Србија) подетално ќе ја објаснат мисијата и проектот, а ќе дадат и насоки за концептот и критериумите за аплицирање за Живите лаборатории и светилници. Претставник од здружението за социјални иновации АРНО ќе информира за дополнителни можности за финансирање од областа на зелени идеи. Како дел од настанот ќе се одржи и панел дискусија на тема „Одржливи и неодржливи земјоделски практики кај нас и нивното влијание на здравјето и квалитетот на почвата“ во која ќе учествуваат професори стручни на темата и претставници од бизнис и граѓанскиот сектор кои имаат имплементирано успешни решенија за одржливи практики. После завршување на официјалниот дел предвиден е коктел со можност за неформално вмрежување.

Files

NATI00NS_NEE_Macedonia.pdf

Files (9.2 MB)

Name Size Download all
md5:a6341355b5925ba2021cd55e2d7c5d7d
9.2 MB Preview Download

Additional details

Funding

European Commission
NATI00NS – National engagement activities to support the launch of the Mission 'A Soil Deal for Europe’ 100 Living Labs and Lighthouses 101090738