Published December 15, 2023 | Version v1
Conference paper Open

ДОБРОВОЛНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

  • 1. Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid

Description

АПСТРАКТ

Една од општествените активности која е значајна за животот е осигурувањето, кое е сѐ повеќе потребно и актуелно во нашето секојдневие. Додека едни го сметаат за луксуз, други пак ја имаат сфатено суштествената поента и сериозноста за тоа да се биде во прв ред заштитен од разни ризици кои ја загрозуваат човековата егзистенција. Можеме да дефинираме дека осигурувањето е еден облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци.

Еден општествен проблем со кој многу често се соочуваат луѓето во денешно време претставува лекувањето на човекот, кое не е на исто ниво во сите здравствени установи. Поради тоа се појавува потребата од доброволно приватно здравствено осигурување, кое e наменето за сите оние кои сакаат повисок стандард на здравствена заштита за себе и најблиските.

Тоа e дополнување на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжително здравствено осигурување и обезбедува покривање на трошоците за услуги што не се покриени од ФЗО. Со ДПЗО се покриваат трошоците за користење на здравствени услуги во рамките на сите приватни здравствени установи (ординации, поликлиники, клинички болници) низ цела Македонија без ограничувања, во било кое време и во било која ситуација кога е во прашање појава на здравствена потешкотија, односно појава на основна симптоматологија, за која е потребно да се посети лекар. Во овој труд се потенцира потребата од ДПЗО и се прави следење и анализа на статистичките податоци за застапеноста на овој тип на осигурување во Република Македонија.

Files

Jovan, Jovana, SERVECO 2023.pdf

Files (723.4 kB)

Name Size Download all
md5:296e8752208b38c02f4c72525043f913
723.4 kB Preview Download

Additional details

Identifiers

Other
COBISS.MK-ID 62597125

References