Conference paper Open Access
Stojanovski, Darko;
Dunne, Julie;
Naumov, Goce;
Evershed, Richard;
Stefanović, Sofija
Во текот на 2017 и 2018 година, 27 фрагменти садова керамика од неолитските слоеви во Врбјанска Чука беа селектирани и подложени на екстракција на органски материи содржани во микроскопските пори од нивната структура. Од нив, вкупно 8 примероци дадоа позитивни резултати, односно содржеа доволни количини липиди неопходни за понатамошна анализа. Со помош на масна спектрометрија беа детектирани конкретни хемиски соединенија кои ни даваат информација за нивното потекло. Со помош на мерење на вредностите на стабилниот изотоп на јаглеродот (13C) кај овие молекули, дополнително се прецизира оригиналната содржина на керамичките садови. Со ова истражување добивме директен доказ за големата разновидност на неолитската кујна на Врбјанска Чука, каде освен користењето на вообичаените неолитски продукти (житарици и месо од домашни животни), беше потврдено производството и користењето на млечни продукти, како и консумирањето на водни животни и употребата на пчелни продукти.
Name | Size | |
---|---|---|
Неолитот во Македонија IV.pdf
md5:49e0d344476579e1203d3f238e4e2a1d |
948.6 kB | Download |
All versions | This version | |
---|---|---|
Views | 35 | 35 |
Downloads | 258 | 258 |
Data volume | 244.7 MB | 244.7 MB |
Unique views | 32 | 32 |
Unique downloads | 239 | 239 |